РОДИТЕЛИ МОНСТРУМИ: Толку многу го малтертирале детето, поради што останало без двете нозе (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Мајка на осум деца од Британија, Паула Хаџел, и нејзиниот сопруг Марк, посвоиле петгодишно момче по име Тони, на кое му биле ампутирани двете нозе, бидејќи неговите родители, кои сега се во затвор, физички го малтертирале уште кога бил бебе.

Паула и Марк, кои го посвоиле Тони не се задоволни од затворската казна која ја добиле неговите родители, па тие сега водат кампања за построги казни во Велика Британија за злоупотреба на деца и веќе го претставиле таканаречениот „Закон за Тони“ во парламентот, пренесува Скај Њуз.

Паула Хаџгел го опишала и моментот кога за прв пат го видела Тони.

– Во 2015 година, социјален работник ме праша дали ќе може да посетам четиримесечно бебе во болница со скршени екстремитети. Мислев: „Тоа не е проблем, фрактурите се лекуваат“. Кога дојдов во болница и го видов тоа мало бебе, медицинската сестра ми ја покажа неговата медицинска историја и ми рече дека ќе му треба доживотна нега  – рекла таа.

– Таа ми кажа дека во текот на период од пет недели, на детето му биле скршени сите екстремитети, дека му се дислоцирани глуждовите и прстите, дека има повеќе скршеници и дека десет дена не добил лекарска помош – додава таа.

„Тој добил сепса, неговите внатрешни органи почнале да пропаѓаат и тој завршил на интензивна нега. Ако лекарите не работеа толку напорно, тој немаше да преживее. Го одведовме дома. За една недела почна да се смее “, изјавила Паула.

Хаџгел објаснила дека е незадоволна од казната што ја добиле неговите биолошки родители, и затоа започнала да ја промовира идејата за зголемување на казната во случај на злоупотреба на деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот