Ристовски – Принц: Сите треба да се однесуваме како да имаме коронавирус, тоа е начин да се справиме со него (ВИДЕО)

-Среќа е што живеам во куќа и имам работа нон-стоп. Свирам, работам по дома, во двор. Политичарите го земаа просторот во медиумите. Нема место за музички емисии, а нема ни децата што да видат и што да научат, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Александар Ристовски – Принц.

Според него, медиумите треба да создадат поголем простор за музичките уметници, а за состојбата со коронавирусот смета дека е потребна поголема самодисциплина.

-Медиумите немаат ни концепт каде да ја вметнат музиката, песната. Се надевам дека кога ова ќе заврши медиумите малку ќе се отворат за музиката. Порано даваа субвенции за музика што беше лошо. Треба да се даде медиумски простор на музиката.

Инаку околу Коронавирусот сите треба да се однесуваме како да го имаме. Тоа е начин да се справиме со него. Треба да имаме поголема самодисциплина, додава Принц.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот