Ристовски: Ова ќе биде животна лекција за сите нас! (ВИДЕО)

Instagram
Instagram

Репрезентативниот голман на Вардар со целосна поддршка за сите оние кои ги жртвуваат своите животи во борбата против ширењето на опасната зараза.

Денеска и голманот на македонската сениорска ракометна репрезентација, Борко Ристовски испрати порака до сите заеднички да се бориме против ширењето на коронавирусот.

Членот на актуелниот европски шампион Вардар вели воедно дека овој период ќе дојде добро за сите да го поминат што повеќе со своите најблиски.

– Добар ден Македонијо, сакам да ве поздравам сите и да ви посакам добро здравје. Сакам ова видео да послужи како една огромна поддршка за сите оние кои секојдневно ги жртвуваат своите животи и ги изложуваат на ризик за сите што побезболно да ја поминеме оваа криза. Позитивно е да размислувам и да го завршиме овој период, иако е доста тежок за сите нас, да го завршиме без човечки жртви.

Сите треба да бидеме свесни и треба да жртвуваме од својот комодитет за што полесно и побрзо да се заврши овој период кој што сите нè снајде. Мораме сите да дадеме свој придонес, мислам дека и сите помалку поради своите кариери, дали поради студирање, работни обврски, ги оставивме, запоставивме своите семејства. Мислам дека овој период ќе дојде добро за сите да го поминеме што повеќе со своите најблиски, вистински да се посветиме на нив. Треба да гледаме позитивно на работите, треба да сме позитивни од целата ситуација, уште еднаш голема поддршка за сите, да останеме сите заедно како држава, како народ, затоа што верувам дека на крајот ова ќе биде само голема човечка, животна лекција за сите нас. Треба да се чуваме едни со други, да се почитуваме, сакајте си ја својата држава, својот народ и за крај купувајте македонски производи, за сите полесно економски го поминеме овој тежок период кој што ќе следи за нашата држава. Поздрав до сите – вели Ристовски преку видео објавено на неговата фејсбук страница.

Претходно на социјалните мрежи се огласи и неговиот репрезентативен колега од Нант (Франција), десниот бек Кирил Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот