Лазаров: Сè се случува со причина, треба заеднички да извојуваме победа! (ВИДЕО)

принтскрин/фејсбук

Македонскиот голгететер, еден од најдобрите десни ракометни бекови во светот, апелира исто така да се следат препораките во борбата против коронавирусот.

Еден од најдобрите македонски ракометари е исто така свесен поради тешките времиња во кои се најде светот поради епидемијата на коронавирусот.

Нашиот репрезентативец Кирил Лазаров кој ги брани боите на францускиот ракометен клуб Нант, токму од тоа место испраќа порака до сите граѓани и пошироко да ги следат препораките и дека само со верба и максимална дисциплина ќе се стигне до целта.

– Поздрав од Нант, Франција. Како никогаш досега, обединети и сложни, треба заеднички да ја извојуваме оваа победа. Најтешко извојуваните победи секогаш се и најслатки. Да бидеме чесни, свесни, дисциплинирани, одговорни спрема себе и сите граѓани на Македонија. Да ги следиме и почитуваме сите упатства дадени од одговорните државни институции и така ќе придонесеме за побрзо решавање за новонастанатата сериозна ситуација со коронавирусот.

Моето искуство кажува дека сè се случува со причина за наше подобро утре. Да останеме позитивни, со многу верба и максимална дисциплина. Само со овој начин можеме да стигнеме до целта – беа зборовите на нашиот ракометар во своето видео објавено на фејсбук страницата Lazarov Kiril – 7.

Еден од најдобрите десни бекови во ракометниот свет, прав голгетер, а освен тоа и еден од најуспешните во македонскиот спорт.

Со бројни титули во текот на неговата кариера со екипите на Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот