РЕЗИЛ: Елиминирани, лути и почнаа да го тепаат голманот! (ВИДЕО)

принтскрин/talksport.com

Играчите на Коринтијанс го нападнаа голманот на Фламенго Хуго после ремито кое значеше елиминација на клубот од Сао Паоло во рамките од бразилскиот шампионат за фудбалери до 20 години.

Екипата на Фламенго успеа да се пласира во финалето после ремито против Коринтијанс. Тимот од Сао Паоло, Коринтијанс знаеше дека мора да триумфира на стадионот „Клебер Андраде“ откако го загубија првиот меч дома со 2:1.

Но, не успеаја да пронајдат пат до мрежата на голманот на Фламенго, Хуго кој успеа да му одбрани пенал на Натан и тоа значеше пласман во завршната битка од У20 шампионатот на Бразил ќе се соочи со Палмеираш.

Додека некои клубови се помируваат со порази и елиминација, тоа не помина така лесно кај младите фудбалери на Коринтијанс.

Инцидентот започна откако го нападнаа голманот на Фламенго, а потоа изби и тепачка меѓу неколку играчи на двата тима.

Хуго беше опколен од група на фудбалери на Коринтијанс и од еден од нив беше удрен во лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот