Рестрикции во водоснабдувањето низ Британија

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ најави воведување одредени рестрикции од 26 август поради рекордно ниско ниво на врнежи откако почнал да се мери атмосферскиот талог пред повеќе од 130 години.

– Екстремно топлото и суво време предизвика реките во Јоркшир да исчезнуваат и нашите резервоари да бидат околу 20 отсто пониски од вообичаеното за овој период од годината – соопшти компанијата.

Уште неколку водоводни компании веќе најавија ограничувања во користењето вода.

За корисниците на компанијата „Саутист вотер“ на сила стапи забраната за користење црева за наводнување и прскалки, ограничувања планира и „Темза вотер“, што снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон.

Министерот за животна средина Џорџ Јустис ги повика компаниите за водоснабдување да преземат мерки на претпазливост, со цел да се заштити снабдувањето со вода и да се справат со последиците од продолжената суша, бидејќи се предвидува уште еден топлотен бран на островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот