Републиканците суспендираа шест министри затоа што се приклучија на владата на Лекорну
Француската десничарска партија Републиканци соопшти дека суспендирала шест министри кои прифатиле функции во новиот кабинет на премиерот Себастијан Лекорну, спротивно на наредбата на лидерот на партијата Бруно Ретајо.
Препорачано
Во соопштението на партијата се наведува дека нивното останување во владата „би значело свртување кон макронизмот и откажување од независноста и вредностите кои се темел на нашата политичка определба“.
Неколку часа пред седницата на политичкото биро, шесте министри објавија дека се повлекуваат од сите партиски функции, но не и од владините позиции, пренесуваат медиумите.
Лидерот на Републиканците, Бруно Ретајо, во интервју за Фигаро најави дека ќе преземе дисциплински мерки против нив поради непочитување на упатствата да не прифаќаат места во новиот кабинет.
„Тие не можат да бидат гарант на нашето политичко семејство во владата“, изјави Ретајо.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


