Рекордното засилување на Јунајтед им ги искина нервите на навивачите, погледнете што прави Мегваер (ВИДЕО)

EPA-EFE/PETER POWELL

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, на натпреварот со Челси во полуфиналето до ФА купот, се погрижи неговите критичари да имаат „материјал“ за напад на неговите фудбалски вештини.

Хари Мегваер минатото лето стана најскап светски дефанзивец откако за сума од 87 милиони евра од Лестер премина во Манчестер јунајтед.
Тој веднаш стана капитен на „црвените ѓаволи“ и покажа дека може да биде одличен дефанзивец, но и дека често знае да прави киксеви.

Многу фудбалски елсперти сметаат дека Манчестер јунајтед погреши и го преплати Мегваер бидејќи тој не е „специјален“ дефанзивец и потврда на нивните тврдења дојде и на последниот натпревар на неговиот тим против Челси во полуфиналето од ФА купот.

Челси победи со 3:1 и се пласира во финалето, Мегваер во 74. минута си постигна автогол, а многумина ги насмеа неговиот потег во финишот од натпреварот кога му ја одзеде топката на својот соиграч, а потоа со неа трчаше како мува без глава и на крајот ја додаде топката до играч на Челси.
„Човек, мит, легенда, 87 милиони евра“, е еден од коментарите за потегот на Хари Мегваер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот