Рекорден број на заразени во Русија во еден ден

Медицински лица во Русија / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Бројот на новозаболени од коронавирус во Русија во последните 24 часа имал рекорден скок од 771 лице, па сега порасна на 3.548, објави рускиот кризен центар за коронавирус.

Случаи на заразата се потврдени во 76 руски региони, од вкупно 80, а Москва е и понатаму жариште со 585 случаи, кажаа од центарот и додадоа дека досега има 30 жртви.

Рускиот претседател, Владимир Путин во понеделникот упати апел до граѓаните на Москва „сериозно да го сфатат“ седењето дома и со тоа да допринесат спречување на ширењето на коронавирусот, а станува збор за мерка која ја преземаат и бројни други руски региони.

Тој исто така им нареди на гувернерите на руските покраини „вистински“ да вложат сила во борбата против ширењето на вирусот и да не се задоволат со „пишување на извештаи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот