ПОСКАПЕА ГОРИВАТА: Ова се новите цени!

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од ноќеска на полноќ горивата ќе поскапат за денар, односно за 1,5 денари.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и со тоа новата цена ќе изнесува 68,5 денари.

Цените на еуросупер БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар за литар.

Новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,5 денари за литар, на дизелот 61,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 34,849 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот