Реџепи: Ќе се гради обиколница за Тетово, веќе е издадено одобрение за градежни активности

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи од Тетово најави почеток на градежни активности за проектот обиколница за градот, која ќе започне од клучката за тетовското село Требош кај Автопатот Тетово- Скопје, се до регионалниот пат Тетово-Јажинце кај село Непроштено. Долгонајавуваната клучка која значително ќе го растерети сообраќајот особено транзитниот, ќе започне да се гради наскоро, најави министерот.

„И за обиколницата ќе има почеток на градежни работи. Министерството за транспорт и врски веќе даде одобрение за градба за оваа обиколница, сите процедури од наша страна се завршени, сето ова е добар почеток“, рече заменик министерот Реџепи.

Тој денеска со партиски функционери и советници од ДУИ вршеше увид во работите на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово која се реконструира.

„Дојдени сме тука да извршиме увид во работите околу реконструкцијата на улицата „Браќа Миладинови“.После завршување на другите проекти кои тука сме ги завршиле како булеварот „Благоја Тоска“, улицата „Гоце Делчев“ и друго денеска сме тука да кажеме дека продолжуваме со проектите како влада, без разлика на која политичка партија припаѓаат градоначалиците, сепак ние инвестираме за доброто на граѓаните, се надевам дека овој пат во предвидениот рок од 4 месеци ќе биде завршен“, рече заменик министерот Беким Реџепи.

Тој даде и коментар на протестот на жителите од гостиварските села Долна и Горна Бањица, кои изминатиов викенд изразија незадоволство од спроведувањето и постапките за изградба на Коридорот 8 кој минува низ нивните атари.

„Процесот на ескпропријација е правен процес, сите тие незадоволни странки можат да се обратат и да отворат судски спор во Управен суд“, рече заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

Инаку мештаните на протестот ја информираа јавноста дека почнале да добиваат покани за да подигнат решенија за одземање на земјиште, а претходно не биле информирани за какви градежни работи ќе се користи. Дел од нив сметаат дека цената за експропријација на нивите е пониска од реалната.

Мештаните на чиј имот ќе поминува Коридорoт 8: Се соочуваме со насилно одземање на нивите по одредена минимална цена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот