Мештаните на чиј имот ќе поминува Коридорoт 8: Се соочуваме со насилно одземање на нивите по одредена минимална цена

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Жители од гостиварските села Долна и Горан Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од спроведувањето и постапките за изградба на Коридорот 8 кој според најавите минува низ нивните атари. Тие ја информираа јавноста дека почнале да добиваат покани за да подигнат решенија за одземање на земјиште, а претходно не биле информирани за какви градежни работи ќе се користи. Дел од нив сметаат дека цената за експропријација на нивите е пониска од реалната.

Насир Асипи
, на собирот се обрати во името на жителите и појасни дека поднеле барања до надлежните институции, но досега никој не им дал одговори.

„Се соочуваме со низа проблеми, бидејќи живееме во средина каде секој втор се минира и слушаме експлозии и ова навистина не загрижува. Сакаат да ни одземат ниви од кои двете села векови живеат од нив, а на некои земјоделието им единствен приход. Сега се соочуваме со насилно одземање на нивите по одредена минимална цена, а ние тоа нема да го дозволиме“, изјави Насир Асипи.

Тој појасни дека површината на патната оска која треба да минува низ овие села од Коридорот 8 е 130.000 метри квадратни, а треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште. За оваа намена предвидено е да се доделува како обешететување 650 денари за метар квадратен. Тоа според Хасипи не е вредноста, бидејќи како што вели жителите не се согласуваат ниту за цена која би била десет пати поголема.

Жителите на протестот упатија барање и дадоа рок на институциите до вторник во наредната недела да им дадат одговор, во спротивно се закануваат дека ќе го блокираат секој пат за движење на возилата од компанијата „Бехтел и Енка“ која ги изведува работите во коридорот 8.

„Доколку не се преземат мерки од Владата и од надлежните институции, предупредуваме дека сите патишта кои минуваат низ нашите атари ќе бидат блокирани за вработените во компаниите“, рече Насир Асипи на протестот.

Тие покажаа решенија на кои е наведено дека имаат 15 денови за да ги обжалат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот