Рецепт стар неколку векови: Традиционална италијанска супа која го „греела“ и Леонардо да Винчи

foto: pixabay.com

Традиционалната италијанска минестроне супа подготвена на тоскански начин била едно од омилените јадења на најзначаниот човек на ренесансата Леонардо да Винчи.

До овие податоци дошол историчарот Дејв Девит кој собирал автентични рецепти од тој период, па ги прилагодил на денешната кујна. Еве како и вие да ја направите највкусната италијанска супа.

Состојки:

– 1 главица кромид
– 3 чешниња лук
– 2 моркови
– 1 компир
– конзерва мини домати – пелати
– конзерва грав
– 2 шаки зелен зеленчук (кељ, зелка, спанаќ)
– 100 гр тестенини или ориз
– коцка за супа од зеленчук
– маслиново масло
– сол
– бибер
– оригано
– ловоров лист

Подготовка:

На маслиново масло испржете ги ситно исецканите кромид и лук. Во тенџерето додадете малку вода, коцката за супа, ловоровиот лист, а кога ќе зоврие додадете го и зеленчукот (морковот и компирот) исецкани на коцки.

Налијте со уште околу половина литар вода, оставете да зоврие и потоа додадете ги мини доматите од конзерва.

Оставете тивко да врие пет минути, па додадете ги тестенините или оризот.

Зачинете со оригано, сол и бибер, додадете го и гравот и гответе се додека компирот и тестенините не бидат готови.

Пред самиот крај на готвењето додадете го и зелениот зеленчук кој би требало само да омекне, но не и долго да се вари.

Во минестроне супата можете да додадете и било кој друг зеленчук.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот