Речиси 100.000 Израелци вакцинирани за еден ден

Фото: EPA-EFE/Brian van der Brug / POOL

Речиси 100.000 Израелци се вакцинирани за еден ден, што е нов дневен рекорд од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во таа земја, на 20 декември, соопшти денеска Министерството за здравство.

Досега се вакцинирани вкупно 379.000 лица, а министерот за здравство Јули Еделштајн ги пофали здравствените работници и сите задолжени за вакцинирање, како и јавноста што одговори на кампањата.

Еделштајн најави дека вакцинацијата ќе биде забрзана, а Израел сега е прв во светот според бројот на вакцинирани по глава на жител, малку пред Бахреин, но далеку во споредба со другите земји во светот.

Во неделата се вакцинирани речиси 100.000 луѓе, а евидентирани се речиси 3.500 нови случаи на инфекција, и уште 784 утрово, така што бројот на активни случаи се зголеми на речиси 35.600, а бројот на смртни случаи на 3.226.

Целта на Израел е да вакцинира 150.000 луѓе на ден, а премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека се надева дека повеќе од два милиона Израелци ќе бидат вакцинирани до крајот на јануари, јавуваат израелските медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот