Рецепт за домашен мајонез, сите состојки веќе ги имате во кујна

Фото: Maria Polna/ Pxhere

Сите знаеме дека мајонезот не е една од претерано здравите намирници, згора на тоа, ако често се јаде, може да се каже дека е нездрав за нашиот организам.

Содржи многу масти, шеќери и адитиви, но постои и рецепт за домашна верзија на мајонез. Тој нема да може да издржи толку долго, но затоа е поздрав од купената верзија.

Се подготвува брзо и лесно, а сите потребни состојки најчесто секоја домаќинка ги има веќе во фрижидерот.

Со оглед на тоа дека е време на слави, домашниот мајонез ќе ви биде една од главните состојки за приготвување на омилените крем-салати, особено на руската салата.

Состојки:

– 1 јајце
– мала лажица сенф
– мала лажица јаболков оцет
– сол и бибер (по вкус)
– 250 мл масло

Подготовка:

Земете длабок сад и измешајте жолчки, сенф, јаболков оцет и бибер. Потоа, сè добро изматете со миксер.

Потоа, додавајте малку по малку масло и матете цело време. Ако ви се случи текстурата да е поцврста, додајте уште малку масло.

Во друг сад измешајте ги и изматете ги белките и солта, а потоа сипете ја во смесата што сте ја добиле.

Сè убаво измешајте и матете со миксер неколку минути.

За крај, сè што треба да направите е сè да префрлите во стаклена тегла и да ја ставите во фрижидер. Имајте на ум дека домашниот мајонез може да стои помеѓу 5 и 10 дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот