Рецепт од нашите баби: Гулаш од говедско и леќа што ќе ве врати во детството

Гулаш леќа/Фото: Принтскрин/Wikimedia Commons

Богат и обилeн гулаш од говедско месо и леќа е рецепт полн со здрави состојки.

Ова хранливо вариво е совршен семеен оброк за студените есенски денови, чија подготовка, без готвењето, ќе ви одземе помалку од 20 минути. Но и ќе ве врати низ времето, токму на масата, во кујната на баба ви.

Состојки:

– 2 лажици масло
– 1 кг говедско месо, исечкано на коцки (може да се замени и со свинско месо)
– 1 кромид, сечкан
– 3 чешниња лук, изгмечени
– 4 моркови, исечени
– среден корен од целер, сечкан
– 1,5 филџан сушена леќа, зелена или кафеава
– 400 мл сок од домати
– 6 филџани говедска супа
– 1 филџан суво црвено вино
– 3 ловорови листови
– 1 лажица сува мајчина душица
– 2 лажици билни зачини
– сол и бибер по вкус
– свеж магдонос за украсување

Подготовка:

Загрејте го маслото во големо тенџере и пропржете го кромидот неколку минути додека не стане стаклест.

Додајте ги говедското месо и лукот. Пржете го месото, редовно мешајќи од 5 до 10 минути, додека сите страни на месото не поруменат.

Во тенџерето додадете ги морковот, целерот, леќата, доматите, телешкиот бујон (супа), виното, ловоровиот лист и другите зачини од списокот и почекајте да зоврие.

Кога ќе зоврие, поклопете, а потоа намалете ја топлината. Гответе го гулашот околу 60-75 минути, додека леќата и говедското месо целосно не омекнат.

Вкусете и дополнително посолете или зачинете доколку е потребно. Украсете со магдонос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот