Реал Мадрид прв патник на Ф4

Реал Мадрид е првата екипа која обезбеди пласман на Фајнал фор турнирот. „Кралскиот“ клуб како гостин со 89:82 го совлада Панатинаикос и ја доби четвртфиналната серија со 3:0 во победи.

Мадридскиот клуб до победата во „ОАКА“ го предводеше Руди Фернандез кој постигна 16 поени. Факундо Кампацо исто така уфрли 16 поени, а одлично одиграа уште и Рендолф со 14 и Тејлор со 13 поени.

Противник на Реал Мадрид во полуфиналето на Фајнал фор турнирот ќе биде подобриот од серијата помеѓу ЦСКА Москва и Басконија каде моментно е 1:1 во победи.

Пред пласман на завршниот турнир се наоѓа и турскиот шампион Фенербахче кој ја врати предноста во дуелите со Жалгирис. Фенербахче со 66:57 го совлада литванскиот тим и поведе со 2:1 во победи во серијата кој прв до три триумфи. Марко Гудуриќ со 17 поени беше најпрецизен на натпреварот, додека Јан Весели уфрли 10 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот