Реал е виновникот за казната на Манчестер сити?!

EPA-EFE/Emilio Naranjo

„The Athletic“ пишува дека шпанскиот тим лобирал за англискиот тим да биде казнет.

Манчестер сити во петокот е казнет со двегодишна суспензија за настап во Лигата на шампионите, и во европските купови поради финансиски малверзации. Освен што заработи казна од УЕФА, Сити се соочува со уште една казна, овој пат од Премиер лигата и може да се случи да остане без две титули доколку спортскиот суд во Лозана не ја преиначи одлуката на УЕФА.

Денеска „The Athletic“ пишува дека казната не е случајна и тврди дека противникот на „граѓаните“ во осминафиналето од ЛШ, Реал Мадрид, лобирал за англискиот тим да биде казнет.

Сајтот пишува дека освен Реал Мадрид, и германскиот гигант Баерн Минхен вршел притисок врз УЕФА за време на истрагата за да бидат сигурни дека одлуката на европската фудбалска федерација ќе резултира со казна за англискиот шампион.  Засега и двата фудбалски гиганти не ги демантираа овие наводи на англискиот спортски сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот