Разузнавачот Зоран Иванов тајно побегнал: Мислеле дека е на одмор, тој се вработил во Турција

Зоран Иванов, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, кој на оваа функција беше во периодот од 2017 до 2019 година, пред претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу, станал професор на универзитет во Турција, објавува Нова ТВ. Тој ја напуштил државата под нејасни околности.

Според информации од ГШ, Иванов, при крајот на летото заминал на тримесечен неплатен одмор, а потоа, по истекот на одморот, на изненадување на сите колеги, не се појавил на работното место. Според процедурата, по неколку денови, откако сфатил дека Иванов нема абер да се појави на работа, ГШ го известило Министерството за одбрана кое пак било должно да изготви отказно решение.

Иванов, со целото свое искуство, има на располагање и многу доверливи информации од безбедносен интерес на државата, како и за земјите од регионот, па и пошироко, пишува Нова. Тој имал релации и соработка со други припадници од националните безбедносни служби, како на пример со Горан Грујевски од Петта управа, кој по скандалот со рислушувањето, избега во Грција, заедно со неговиот соработник Никола Бошковски.

Она што е интересно е дека и Зоран Иванов, и Горан Грујевски, пред да бидат назначени на високи
позиции во цивилниот разузнавачки безбедносен сектор биле високи армиски офицери кои служеле во специјалната единица „Волци“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот