РАЗОРЕН ТАЈФУН ГО УДРИ ТОКИО: Едно лице загина, десетици се повредени

Тајфун пропратен со силни ветришта до околу 200 километри на час синоќа го погоди југоисточниот дел на Токио. Властите наложија евакуација на околу 340.000 лица.

Некои училишта во Токио се затворени, како и продавници. Железницата соопшти дека е откажано сообраќање на околу 100 брзи возови. Големи претпријатија како што се Нисан и Сони го запреа производството поради прекините од струја и полавите.

Во налетот на тајфунот загина едно лице, а неколку десетици се повредени, во делови од градот нема електрична енергија и сообраќајот е пореметен, соопштија јапонските власти.

Тајфунот се движи кон Тихиот Океан, но јапонските власти повикаа на внимателност и предупредија од можноста од свлечишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот