Разговор со повод со Никола Ефтимов: Витезот на македонската мода

никола ефтимов
Фото: Принтскрин / Instagram

Есенцијата на дизајнерската егзистенција е визијата, но таа својата потврда секогаш ја има во времето.

Како еден од основачите на македонската модна сцена, пионер во модната едукација, исклучителен познавач на историјата на мода, неуморен истражувач, зависник од експеримент и мајстор на безвременскиот крој, Никола Ефтимов во својата скоро 25-годишна кариера ќе се покаже и докаже како вистински визионер.

Неговата последна пригодна модна ревија уште еднаш го потврди тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

СП: Вашите модели повторно на писта по подолго време. Какво беше чувството на конечно ослободување на креативниот набој во оваа форма, бидејќи тој не може да се сокрие, нели?

НЕ: Иако времето за подготовка на ревијата беше кусо и подразбираше мошне интензивна работа, целиот процес беше позитивно возбудлив. Причината поради која ја прифатив понудата за учество на овој настан беше одбележувањето на јубилејот на државноста и модната сцена во тој контекст.

Секако, креативниот набој што последните години го канализирам на поинакви начини не можеше да се сокрие и овојпат. Решив да се претставам со автореферентна приказна, да допрам дел од нештата што дизајнерски ме возбудуваа изминатите три децении, дури да вметнам и неколку архивски парчиња облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Голем дел од таа приказна, покрај различните концепциски проблеми што си ги задавав изминатиот период, беше одржливата мода, преупотребата, рециклирањето итн., нешта што ме фасцинираат од времето на моите професионални почетоци, во период кога не беа „жешка“ тема (за која, патем кажано, сега немаме алтернатива), туку едноставно дел од моето дизајнерско кредо, животен стил, па дури и идеологија. По ова прашање, сведочев на многу трагикомични ситуации.

Исто така, тоа што го творам е базирано и на борбата против злоупотребата на животните во модната индустрија. Причините за повлекувањето од модната писта ќе бидат видливи во одговорите на другите прашања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

СП: Прикажувањето на колекцијата беше дел од компилацијата на МК дизајнери по повод 30 год од осамостојувањето и аналогно на тоа современата МК модна сцена. Повод за неблагодарнто прашање до Вас пред сè како пионер во процесот, а кое неизбежно се наметнува (и како идејна тема во пригодно изготвениот документарец) – како и до каде е македонската мода денес?

НЕ: Иако во фокусот на настанот беше модата, јас неа, како впрочем било кој феномен, не би ја гледал издвоено од контекстот во кој се создава и конзумира. Наједноставен и најкус одговор би бил дека македонската мода е онаква каква што е нашата држава. Притоа, не зборувам за индивидуалните, на моменти херојски, напори на македонските дизајнери, туку на градењето на свеста дека модата е сериоозна индустрија којашто во земјите со модна традиција значително ги полни државните буџети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Дизајнерот е важен чинител во модниот систем, но без инвестиции и индустрија, неговата улога кај нас се сведува на автор којшто поради професионалните и лични пориви решава да презентира (со сите објективни лимити на контекстот) некаква материјализација на сопствената визија преку ревија, фотографија итн., а најчесто во реалноста живее од нарачки за свадби, матури, други посебни пригоди, евентуално самостојно мултиплицирани мини серии итн.

Во таква, по малку шизофрена реалност, во која модата на моменти се изедначува (само) со ревија како културен настан, не знам колку можеме да зборуваме за потполна модна сцена. Индивидуалните нарачки, со сите варијации по квалитет и креативен влог, постојат насекаде, но тие се само незначителен дел од пошироката слика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Во историјата на модата обично феномените што се релативно блиски во минатото се разгледуваат со голема внимателност поради недостатокот на историска дистанца и опасноста да не се согледаат објективно многу чинители што придонесуваат нештата да бидат онакви какви што се, нам ќе ни треба дополнителен напор за објективна дистанца, надминување на провинцијалната самобендисаност, клановскиот навивачки менталитет, но од друга страна површните споредби со модата во некои поинакви контексти, во кои таа постои долго време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Би се послужил со аналогија, па би рекол дека необразуван пејач не може да интерпретира барокна арија со орнаментација (од друга страна стои и тоа дека необразувана публика не може да ги восприеми сите нијанси на софистицирана изведба); необразуван критичар да ја оцени изведбата; инцидентна пејачката тезга не е исто што и кариера водена од менаџер, продукциски музички куќи итн., а сите конзументи на пазарот да бидат ставени во ист кош.

Од позитивната страна, во изминатите три децении на локалната сцена се профилираа дизајнери со јаки индивидуални приказни, коишто додадоа на разновидноста на дизајнерските изрази и кои во поинакви околности целосно би се реализирале, рамо до рамо со интернационалните дизајнери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

 

СП: Освен како еден од првите дизајнерски имиња во Македонија, Вие сте всушност првиот кој започна со модна едукација. Иако некои сакаа да го омаловажат тој напор, парадоксално набргу се случи експлозија од академско, формално образование, кое рака на срце во многу беше повеќе импровизација одколку вистински издржани наставни програми. Дали и колку квантитетот даде квалитет и каква е состојбата во
моментов?

НЕ: Се разбира, вака добиениот квантитет не значи и квалитет. Веднаш по моето враќање од мастер студиите во Италија, во 1998 година, решив дел од моите професионални напори да ги насочам кон образованието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Најнапред започнав со неформалното образование, во соработка со различни едукативни и културни центри или независно, а потоа продолжив и со формалното образование, во земјава и во странство. Целиот тој процес беше инициран од желбата да се сподели наученото, со голем ентузијазам. Ме радува дека по сите изминати години ентузијазмот не ме напушти.

Ќе звучи нескромно, по целото дизајнерско и предавачко искуство, пораснав многу како предавач и сум среќен дека учестував во образованието на многу дизајнери од различни генерации, кои работат локално или надвор од нашата земја.

Како резултат на некои застарени убедувања, кај нас сè уште постои мислењето дека дипломата од формалното образование некому априори ќе му го направи животот поедноставен и честопати дипломата се изедначува со професионалното знаење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Она со што постојано ги потсетувам студентите е прашањето што навистина знаат да (на)прават, а не каква диплома (ќе) имаат. Во случај на модата, освен кога станува збор за желба за академско напредување или вработување во фирми или институции кадешто таа е предуслов, за професионалното занимавање таа не е неопходна.

Специјализираните училишта за моден дизајн се појавија како резултат на потребата на пазарот од едуцирани професионалци. Ваквата настава штеди на време, но, секако, вистинските предизвици почнуваат по првото вработување. Во земјите со развиен моден систем, почетокот на образованието е или во некое училиште или во модна фирма, со учење преку долгогодишна пракса.

Кај нас не постојат релевантни ателјеа или фирми во кои процесот на работа би можел да биде совладан онака како што функционира во западно оријентираните земји. Затоа, без разлика дали станува збор за формално или неформално образование, најдобриот начин за учење е посетување на настава во некое училиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Наставата обично трае помеѓу 3 и 4 години. Во најмала рака смешно е некој да помисли дека за една година би можел да се нарече дизајнер. Едногодишните програми се за оние коишто веќе имаат солидно предзнаење или можат да бидат добар вовед пред некој да почне да студира.

Наставните програми на специјализираните училишта за моден дизајн се базирани на интердисциплинарен пристап и се дизајнирани така да студентите можат да ги совладаат потребните знаења и вештини, од потесно дизајнерските предмети (колекција на облека, модни додатоци итн.), техничките предмети за изведба (конструкција на кроеви, техники на шиење итн.), текстилната технологија за дизајнери, историските предмети (историја на модата, историја на костимите, историја на модната фотографија, понекогаш историја на уметноста итн.), маркетинг на модата, визуелна комуникација, модна илустрација и модна презентација, компјутерски програми за моден дизајн, во поново време одржлива мода итн. Постојат и специјализирани модни училишта за потесни модни дисциплини, но и училишта за техничка изведба.

Треба да се направи дистинкцијата помеѓу дизајнер, моделар, шивач, илустратор итн. Ваквите програми им дозволуваат на студентите да добијат широко стручно дизајнерско образование но и помагаат во понатамошната потесна специјализација и согледување на личните афинитети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Програмите не се мутанти од програми на други факултети со додавање на неколку стручни предмети. Студентите и од институции со такви програми би можеле да станат дизајнери, но обично им треба дополнително образование во други институции и екстра напор во совладување на други знаења.

Останува и прашањето за изгубеното време и енергија со непотребни предмети. Предавачите се избираат според потесната област, а не со идејата дека некој треба да покрие предмети или се вработи, Не е доволно да се поседува книга за некоја дисциплина, па да се додели предмет или само формално да се поседува диплома за степен на образование! Се разбира, на крај останува и прашањето на посветеноста на студентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

 

СП: Уште понеблагодарно но изискувачко е прашањето зошто (очигледно) не сме задоволни од моментната состојба и покрај видливиот потенцијал. Каде се греши и што е неопходно и пожелно да се направи, пред се зошто тоа е сфера која може да биде од извонредно значење за домашната економија?

НЕ: Како што реков, потребно е да се промени перцепцијата за модата, но и да пораснеме како општество. Не сум единствениот што постојано повторува дека фази од развојот не се прерипнуваат и дека многу нешта што ни изгледаат предолги како траење на човечки живот се прекратки како историја. Од доцен феудализам, преминавме во зачеток на капитализам, потоа следеше социјализмот, сега повторно се учиме што е капитализам.

Менталните и општествени матрици не се менуваат преку ноќ. За разлика од некои земји со поинаква традиција и минато, коишто транзицијата ја минаа поумно, ние, за жал, решивме за многу нешта да почнеме од почеток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Не сме единствени што шиеја лон, но во некои земји тоа искуство го искористија за учење и градење на сопствена приказна во модата. Исто така, големата текстилна индустрија што постоеше во некогашната држава и ги задоволуваше потребите на земјата и извезуваше особено на источните пазари коишто немаа директен допир со западните производи, откако се сруши Советскиот сојуз и Источниот блок и се промени можноста за работа со нив, беше чудно приватизирана и фрагментирана, а новите сопственици фокусот го сведоа на давање услуги за производство, со евтина работна сила.

Проблемот на загадувањето на околината поради ваквите зделки сега нема ни да го начнам. Иако во последно време се случуваат нешто поинтензивни комуникации помеѓу дизајнерите и претставниците на индустријата, далеку сме од моментот кога ќе постои свеста за суштествената меѓусебна упатеност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Патот кон сопствен производ е долг и скап, но мора да се почне чекорењето. Сè уште е покомотна позицијата на шиење лон, отколку инвестирање во сериозно истражување на пазарот (пазарите), следење на светските тенденции, сериозно подготвување на колекции од набавка на материјали, преку разработка на концепти, техничка подготовка и тестирање, производство, презентација и маркетинг, пласман итн. на целосно осмислени сопствени производи.

Безбројни се, повторно, трагикомичните ситуации во кои сопственичката на фабриката смета дека е и дизајнерка, се менуваат конфекциски броеви само за да се задоволи нечие его и некој мисли дека носи помал конфекциски број, како стихијно и непланирано се касапат материјали итн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Од друга страна, како што кажав, дизајнерите се оставени своите идеи да ги презентираат онака како што умеат и можат. Се поставува прашањето што со облеката после ревијата. Кога ја нема врската со индустријата, зборуваме за уникати, а би требало да бидат примероци за презентација. Евентуално дел од нив се умножуваат во мали серии, понекогаш со неизедначен квалитет, во зависност кој ја шиел облеката. Дизајнерите некогаш ги продаваат ревиските примероци и најчесто тука завршува целата приказна. На ваков начин не можеме да зборуваме за сериозна модна сцена, туку само за дизајнерски напор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Можеби се повторувам, но ревиите, освен кога станува збор за школски ревии, или ревии за градење на имиџ, би требало да ја презентираат понудата пред стручната и пошироката јавност и пред купувачите (баери). Тие исто така не постојат, затоа што не постои целиот друг сегмент за којшто зборував погоре. Тоа е и една од причините зошто кај нас колекциите се подготвуваат за актуелните сезони, што во нормални околности е непојмливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Постојат многу поучни примери, од различни периоди, за успешна транзиција од текстилна во модна индустрија, од кои би можело многу да се научи, како раѓањето на италијанската мода и усилбите на Џовани Батиста Џорџини, примерите на неколку азиски држави, како тајландскиот случај на позиционирањето на Бангкок како моден центар, но за жал, постои и отпорот за учење и промени. Во такви услови, историски гледано, многу често најнапред се случувале тотални колапси на одредени системи, пред тие да се преструктуираат. Се надевам дека тоа нема да се случи на нашиот пат на транзиција на дел од текстилната индустрија во потенцијално модна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Сепак, да заклучам на нешто пооптимистична нота, постојат ретки, но вредни исклучоци, поточно позитивни примери кои покажаа дека со знаење, талент, креативост, ум, упорност, подготвеност на ризик итн., можни се успешни локални приказни на создавање модна понуда што се пласира и на странските пазари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Eftimov (@eftimovnikola)

Видео на денот