Разговор со д-р Татјана Гуржанова: Успехот е во тимот, единството во дејствувањето, мислата и визијата

Македонија е една од земјите со најлиберални закони за можност за ин витро постапки, дури и за самохрани родители, на товар на Фондот за здравство за македонските државјани, вели д-р Гуржанова.  

Д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ специјалист, е млада, амбициозна и успешна докторка, која зад себе ја остави кариерата што ја градеше на Клиниката за гинекологија за пред шест години да влезе во голем предизвик – го основа Центарот за плодност „Њуборн клиник“. Подоцна, д-р Гуржанова се стекна и со диплома од престижниот Универзитет „Валенсија“, станувајќи мастер по биотехнологија и хумана асистирана репродукција. Вели дека самиот сертификат ја прави да биде препознаена на светско ниво од областа на асистирана хумана репродукција, но во текот на едукацијата научила многу што вродило со плод и успех за нејзините пациенти.


Техниките и обуките ги плаќаме по светски стандарди, а во нашата држава ги наплатуваме по македонските стандарди. Вложуваме многу во едукација на нашите пациенти, за да одлучат правилно и да дојдат побрзо до посакуваната успешна бременост.

Каква идеја стоеше зад овој смел чекор, основање на клиника?

– Клиниката за гинекологија и акушерство беше мојот дом, таму го научив занаетот, таму стекнав работна етика и спрема моите пациенти и спрема моите колеги, т.е. и едните и другите научив да ги доживувам како мое семејство, моја мисија пред која имам огромна одговорност. Во еден момент се видов себеси како стојам подолго време на професионално плато, немаше напред, тапкав во место и се одлучив на многу ризичен чекор, да дадам отказ од работното место и да се посветам комплетно на нешто ново, иако тоа ново сѐ уште немаше јасен облик. Беше многу збунувачки и за домашните и за моите колеги зошто го направив тој чекор, но сметав дека за да се постигне успех, мора комплетно да се предадеш на тој зададен проект. Во исто време се обучував за субспецијалност од областа на хуманата репродукција и ја нострифицирав лиценцата за работа како гинеколог акушер за УАЕ, себеси се доживував како гинеколог во Дубаи и во двете работи успеав.

Како го одбравте и како го одбирате вашиот тим, некои од нив, исто така, доктори со голем работен стаж на Клиниката, лесно е да се убедат во вашата идеја?

– Тимот некако сам се оформи, се осетивме дека можеме да направиме нешто добро, ново и успешно заедно. Мислам дека и тајната на успехот на „Њуборн“ клиниката е тимот. Тој е составен од млади, амбициозни, интелигентни луѓе со (морам да го нагласам тоа) исклучителна смисла за хумор, висока етичност, емпатија и одговорност пред пациентите. Секој ден ми е радост кога одам на работа, а секогаш нема убави и успешни приказни. Секое утро кога одам на работа се чувствувам како да одам дома. Восхитена сум од мојот тим, од секој негов поединечен член.

Што го прави Центарот за плодност „Њуборн клиник“ единствен кај нас?

– Повторно ќе нагласам, тимот, единството во дејствувањето, мислата и визијата. Тоа е тајната на успехот. Се даваме максимално. Единствено е дека имаме индивидуален пристап кон пациентите, не ни може да има поинаков ако сакаме да очекуваме успех. Ги следиме сите трендови во областа од хуманата репродукција, во контакт и соработка сме со повеќе светски центри каде редовно дури и по неколкупати годишно ембриолозите и докторите одат на стручно усовршување или обука за одредена техника. Во „Њуборн“ не се штеди за нова метода, техника или апарат, со која очекуваме поголем успех во работата.

Кои се денес слабостите на „државното“ ин витро, наспроти предностите на приватното?

– Во „Њуборн клиник“ нема разлика во третманот на пациентка која прави ин витро преку ФЗОМ и пациентка која е на сопствен трошок, ниту во терапијата ниту во методите што се применуваат за да се дојде до успех. Ќе нагласам дека Македонија е една од земјите со најлиберални закони за можност за ин витро постапки, дури и за самохрани родители, на товар на Фондот за здравство за македонските државјани.

Во „Њуборн клиник“ нема разлика во третманот на пациентка која прави  ин витро преку ФЗОМ и пациентка која е на сопствен трошок, ниту во терапијата ниту во методите што се применуваат.

Колку се имплементираат кај нас, во гинекологијата, трендовите во европската, па и во светската медицина? Колку е можно да се имплементираат, мислејќи и на медицинската технологија, како и на свесноста, некогаш и конзервативноста, на пациентите?

– Во областа на биопотпомогнатото олподување мора да се следат и да се имплементираат новитетите во медицината и во технички и во професионален аспект, инаку не можеме да очекуваме успех. Проблемот е што техниките и обуките ги плаќаме по светските стандарди, а во нашата држава ги наплатуваме по македонските стандарди, но секако работиме за успехот на нашите пациенти. Вложуваме многу во едукација на нашите пациенти, за да одлучат правилно и да дојдат побрзо до посакуваниот успех, т.е успешна бременост.

Какви новости планирате да воведете во претстојниот период?

– Нашите ембриолози веќе беа на обука за биопсија на клетки од ембрион за генетско испитување на ембрионите со цел да се враќа само здрав ембрион, со тоа ќе се намалат обидите на ин витро, како и бројот на трансферирани ембриони, а на крај ќе се намалат и трошоците на пациентите. Исто така, ќе започнеме и со ЕРА тест, т.е испитување на рецептивност на еднометриум на матката за точно одредување на денот за враќање на ембриони. Сето ова би требало да доведе до зголемен процент на здрава и доносена бременост после ин витро постапка, т.е зголемен број на среќни семејства. Со овие два метода, како и со досегашните техники за БПО постапки што ги применуваме во „Њуборн клиник“, стануваме еднакви во процедурите и техниките на светските водечки центри од оваа област.

„Њуборн клиник“ – Центар за плодност, булевар „Илинден“ 107, 1000 Скопје,

Телефон : +389 (0)2  2734 350

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот