Расте бројот на новозаразени со ковид-19 во регионот

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Пораст на бројот на заразени од ковид-19 е забележан деновиве во дел од земјите од регионот.

Според податоците во Србија, во последните 24 часа се регистрирани 91 позитивни случаи на коронавирус, а едно лице починало. Со тоа, вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 261.

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 77 нови случаи на коронавирус.

Бројот на заразени со коронавирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени. Во четвртокот имало 11, во петокот 12, а вчера 18 нови случаи на коронавирусот.

Во Албанија во последното деноноќие потврдени се 71 новозаразени, оздравени осум,а починато едно лице. Од Институтот за јавно здравје соопштија дека она што посебно загрижува е и зголемувањето на бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. На Инфективната клиника во Тирана во моментов се сместени 78 пациенти,од нив 10 се на интензивна терапија, додека еден е поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 10 нови случаи на Ковид-19 со што бројката на заразени се зголеми на 3.266 лица.

На Кипар, откако пет дена по ред немаше ниту еден нов случај, денеска е регистриран еден. Бројот на позитивни на Ковид-19, од почетокот на епидемијата изнесува 986 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот