Растат цените на горивата, еве како тие изгледаат во регионот

Точење гориво/ Фото МИА

Цените на горивата во земјава повторно растат, откако беше соопштено дека новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 75,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе чини 67,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство 67 денари. 

Ова е добра прилика да ги споредиме цените на горивата во регионот со тие кај нас. 

Според податоците на Tolls.eu, кои ги користат податоците на Европската комисија и бројките од најголемите бензински пумпи во регионот, се забележува раст на горивата и кај останатите земји од регионот. 

Кога станува збор за Еуросупер БС-95, Бугарија е земја со најевтини цени за ова гориво (1,15 евро или 70,85 денари за литар). Босна и Херцеговина е втора со 1,17 евро (72,05 денари) за литар. Северна Македонија е зад БиХ кога станува збор за ова гориво (75,5 денари за литар), а Словенија пак со цена од 1,28 евро за литар (78,83 денари) е на четврто место. Следна е Србија со 1,38 евро (84,98 денари) за литар. Хрватска која забележи рекордно високи цени за ваквото гориво е под неа со 1,47 евро (90,53 денари) за литар, а Албанија е веднаш зад неа со 1,48 евро (91,14 денари) за литар. Убедливо најскап Еуросупер БС-95 има во Грција, со 1,72 евро (105,92 денари) за литар. 

Кога станува збор за дизелот, Северна Македонија има најевтини цени во регионот (67,5 денари). Следна е Бугарија со 1,14 евро (70,76 денари) за литар, а слична е цената во БиХ (1,15 евро или 70,82 денари за литар). Словенија е следна со цена од 1,35 евро (83,14 денари) за литар. По неа е Србија (1,41 евро или 86,83 денари за литар). Следна е Грција (1,44 евро или 89,05 денари по литар), па веднаш зад неа е Хрватска  (1,45 евро или 89,29 денари за литар), а земја со најскап дизел е  Албанија (1,47 евро или 90,53 денари за литар). 

Колку плаќавме за бензин и дизел пред пандемијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот