Колку плаќавме за бензин и дизел пред пандемијата

Фото: Архива на „Слободен печат“

Светската здравствена организација прогласи пандемија на 11 март 2020 година, а последните цени на бензинот утврдени од страна на Регулаторната комисија за енергетика пред тој датум беа за 13,5 денари пониски отколку што е новата цена која ќе важи од ноќеска на полноќ. Што се однесува до дизелот, неговата цена пред пандемијата беше помала за 13 денари.

На 9 март 2020 година цената на „еуросупер БС 95“ била 62 денари, а од ноќеска на полноќ ова гориво ќе се точи по цена од 75,5 денари. Цената на „еуросупер БС 98“ била 64 денари, а сега ќе биде 77,5 денари. Дизелот пак бил 54,5 денари, а новоутврдената цена изнесува 67,5 денари.

Она што може да се забележи од објавената структура на цената од страна на Регулаторната комисија, главниот виновник за поскапувањето е набавната цена. Таа за бензините се зголемила за околу 11 денари, а за дизелот речиси 10 денари. Но, зголемената набавна цена која заедно со другите елементи влегува во даночната основица, практично го зголемила и износот на данокот на додаден вредност.

Акцизата за бензините останала речиси иста -22 денари за литар и има мала нагорна корекција на акцизата за дизелот од 15,135 денари за литар на 15,5 денари. Освен овие давачки кон државата, во цената влегува и давачката за задолжителни резерви и надоместок за заштита на животна средина и овие трошоци не се променети. Не е променет ни трошокот што му се признава на трговецот за  транспорт од склад до бензинска прумпа, додека трговска маржа и трошок за складирање претрпеле сосема мали измени во децималите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот