Раст на цените: Зејтинот нѐ изгоре

img alt
Зејтин / Принтксрин-Јутјуб

Поскапувањето на растителните масла и млекото и млечните производи ги зголемија цените на храната на светско ниво за 24,1 отсто во февруари во однос на истиот месец лани. Ова е највисок забележан раст откако Агенцијата за храна на ОН ги следи цените.

Во малопродажбата во Македонија маслата за една година поскапеа за 23,8 проценти, со што 900 милилитри сончогледово масло надмина 100 денари, а маслиновото масло е тројно поскапо, додека цената на путерот континуирано расте. Според податоците на Агенцијата за храна на ОН, за последните дванаесет месеци цените на растителното масло пораснале најмногу во февруари, за 8,5 отсто во споредба со јануари. Во иднина се очекува и поголем  раст на цените на сончогледовото масло затоа што Украина и Русија учествуваат со околу 80 отсто од светскиот пазар на сончоглед.

Со оглед на тоа што конфликтот во Украина, која е трет извозник на жито во светот, започна на крајот од февруари аналитичарите предупредуваат дека ако потрае конфликтот тоа може да има значително влијание и врз извозот на жито. Лебот и житарките во Македонија веќе се поскапени за 11 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот