Распродадени летовите во еден правец од Русија до Турција по повикот на Путин за мобилизација

Фото: Архива

Билетите за летови во еден правец од Русија до Турција се распродадени за денеска и во текот на викендот, неколку часа пред да започне делумната мобилизација на руските вооружени сили, покажуваат податоците на два турски авиопревозници.

Како што пренесе ДПА, летовите од московскиот меѓународен аеродром Внуково до турските Истанбул, Анкара и Анталија беа распродадени во следните три до четири дена на веб-страницата на националниот авиопревозник Туркиш ерлајнс.

Превозникот ќе го зголеми капацитетот на патници надвор од Русија за четврток и петок, изјави портпаролот за ДПА.

Се разгледува и воведување дополнителни летови доколку побарувачката продолжи со ова темпо, додал претставникот на Туркиш ерлајнс.

Исто така, до сабота се распродадени и билетите на приватната авиокомпанија Пегасус од Москва до Истанбул.

Турција е една од ретките дестинации до која Русите можат да летаат во странство поради западните санкции, заедно со Ерменија и ОАЕ.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој нареди делумна мобилизација.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Во Русија има вкупно 25 милиони резервисти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот