Расистичките коментари на сопругата му донесоа отказ на Катаи

twitter/LA Galaxy

Александар Катаи повеќе не е фудбалер на ЛА галакси.

Српскиот фудбалер остана без клуб поради коментарите на неговата сопруга на социјалните мрежи.

Коментарите на Теа Катаи за случувањата во САД и навредите на сметка на демонстрантите кои неколку дена протестираат низ улиците на речиси сите најголеми градови поради убиството на Џорџ Флојд, беа во центарот на спортската јавност.

Самиот фудбалер се извини поради коментарите и ибјавите на неговата сопруга и истакна дека не ги дели нејзините ставови притоа оценувајќи ги за неприфатливи.

Еден ден подоцна, ЛА галакси само со една реченица објави дека Алекандар катаи повеќе не е нивен фудбалер.

„Лос Анџелес галакси и Александар Катаи спогодбено го раскинаа договорот“, објави тимот на официјалниот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот