Раперот Фифти Сент е татко за пример: Погледнете што направил за неговиот син! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

50 Сент го израдувал својот син со скап подарок за Божиќ, што ретко кое дете може да го добие, освен ако не е дете на славни родители.

Имено, празниците се период на подарување, а децата најмногу се радуваат на омилените играчки. Џексон толку многу сака да си игра што посакал цела продавница со играчки, бидејќи не можел да се одлучи, но ни на сон не помислувал дека желбата ќе му се исполни.

 

View this post on Instagram

 

Did this just happen? #ToysRUs #BestChristmas ???✨

A post shared by Sire (@sire_jackson) on

Познатиот рапер искеширал 100.000 долари за познатата продавница за играчки ToysRUs неколку часа да ги затвори своите врати за јавноста, само за неговиот син да може на мира да го одбере подарокот што го сака.

– Кога побарав цела продавница со играчки за Божиќ, не ни помислив дека тоа може навистина да се оствари, но ете. Благодарам тато! Најдобриот Божиќ досега!“, напишала поранешната сопруга на раперот и продуцентка Дафни на профилот на малиот Џексон на Инстаграм, каде што осамнало и видео од прекрасниот настан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот