Рапер од Хјустон обвинет дека киднапирал бремена жена и четири години ја држел во гаража

Рапер од Хјустон обвинет за киднапирање жена / Фото Колаж на СП / ЕПА / Полиција на Хјустон

Рапер од Хјустон е обвинет за киднапирање на бремена жена што ја држел заробена во гаража повеќе од четири години, соопшти полицијата. Ли Картер (52), чие уметничко име е Вајпер, бил уапсен минатата недела и обвинет за киднапирање.

Полицијата дошла во домот на Картер минатиот април, откако жената испратила порака до нив и напишала дека Картер ја држел против нејзина волја. Кога стигнале до куќата и ја отвориле вратата од гаражата, нашле импровизиран тоалет и душек покриен со повраќаница.

Во гаражата пронашле неухранета жена тешка околу 30 килограми, пелени и чипс. Жената била облечена во валкана облека и на полицијата ѝ рекла дека не се туширала два месеци и дека преживувала од чипс и други грицки.

Таа рекла дека ги исконтактирала користејќи го лаптопот на Картер. Според зборовите на киднапираната жена, Картер ја забележал трудницата пред четири или пет години додека просела на улиците на Хјустон. Раперот се понудил да ѝ помогне, но кога дошла во неговата куќа ја заклучил во гаражата.

Рекла дека Картер со години ја силувал и ја принудувал да користи нелегални дроги со него. Но, адвокатот на Картер, Џорџ Пауел, тврди дека парот бил во консензуална врска и дека заедно имаат тригодишно дете. Тој рече дека Картер ќе се изјасни за невин на неговото следно рочиште во февруари.

„Картер и другите сведоци кои ја познаваа двојката со години ќе презентираат многу докази за неговата невиност и дека биле во врска“, рече Пауел.

Обвинетиот рапер има издадено неколку албуми. Тој бил ослободен со кауција од 100.000 долари во понеделникот, а на социјалните мрежи напиша дека е невин. „Јас сум невин!!! Излегов од затвор!!! Ниту едно од обвиненијата не го сторив и ќе бидам ослободен“, најави тој.

Џоди Силва, портпаролка на полицијата во Хјустон, изјави за Си-Ен-Ен дека на полицијата и биле потребни речиси девет месеци за да го уапси Картер бидејќи тој не бил дома кога жената ги контактирала во април. Инспекторите потоа издадоа налог за негово апсење, но било потребно извесно време да му се најде трага, рече Силва.

Пред минатиот април, жената неколку пати испратила СМС на 911 и завршила во болница, но никогаш не пријавила дека била киднапирана или злоставувана, додаде Силва. Откако била пуштена од болница, таа била пуштена на заштита на Картер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот