Рамото го мачи Ѓоковиќ, Федерер пак загуби сет – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Рамото го мачи Ѓоковиќ, Федерер пак загуби сет

Двајца од тројцата главни фаворити за триумф на УС Опен остварија пласман во третата рунда.

Бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови (6:4,7:6:6:1) го победи Хуан Игнасио Лондеро од Аргентина во второто коло на УС Опен. Иако оствари убедлив триумф, Ѓоковиќ ги загрижи своите фанови бидејќи се жалеше на болки во рамото за кое во два наврати побара лекарска интервенција.

– Болката во рамото влијаеше на мојата игра, имав проблеми при сервисот и бекхенд ударите. Не беше лесно да се игра. Имав среќа бидејќи успеав да најдам начин како дасе вратам во дуелот и да победам во три сета. Имав медицински тајм аут кој ми помогна. Денеска ме очекуваат детални лекарски прегледи и консултации со лекарите и се надевам дека овие два дена ќе ми бидат доволни да се опоравам и да играм без болки – изјави Ѓоковиќ.

Успешен настап во второто коло имаше и третиот носител Рожер Федерер кој повторно славеше во четири сетови. Швајцарецот со 3:6,6:2,6:3,6:4 го победи Дамир Џумхур. Со триумфот над Џумхур, Федерер по 19 пат обезбеди пласман во третото коло на УС Опен, каде го очекува подобриот од дуелот помеѓу Пуј и Еванс.

– Многу пати сум бил во полизција добро да не го започнам дуелот и веднаш сите се прашуваат зашто е тоа така. Мислам дека не постои рецепт за добар стат освен добри подготовки – вели Федерер.

Кај дамите, Серена Вилијамс го копираше Федерер, го загуби првиот сет, а потоа успеа да слави над младата Кејти Мекнали. Вилијамс која својот прв грен слем трофеј на УС Опен го освои две години пред да се роди Кејти Мекнали, ја победи младата тенисерка со 5:7,6:3,6:1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close