Рама од Скопје: Изгубивме време на патот кон ЕУ

Фото: МИА

Албанскот премиер Еди Рама на средба со албанските новинари во Скопје, каде што учествуваше на состанокот на лидерите на Западен Балкан посветен на Планот за раст усвоен од Европската Унија, изјавил дека „мирот и соработката се во корист на сите граѓани од регионот, а поделеноста ја предизвикуваат политичарите“.

Додал дека регионот изгубил многу време и енергија на патот кон ЕУ и поради недостигот на визија од страна на шестте земји од Западен Балкан.

„Доколку ги направевме сите работи што требаше да ги направиме, денес ќе бевме подготвени. Не сме подготвени затоа што изгубивме време и залудно потрошена енергија, како резултат на немањето заедничка визија на шесте земји“, изјавил Рама.

Според него, најважниот дел во овој процес не е финансиската помош дадена за реформите, туку интеграцијата во европскиот внатрешен пазар.

„Не ни треба финансиска поддршка за да направиме реформи. Најважниот дел во овој процес не се милијардите, секако и тие имаат свое значење, туку интеграцијата во европскиот внатрешен пазар“, рекол Рама.

Премиерот Рама рекол дека првпат бил на вечера на која присуствувале српскиот претседател Александер Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, нагласувајќи дека тоа била позитивна средба и оти имало позитивна комуникација меѓу сите страни.

„Првпат бев на вечера заедно со Албин и претседателот Вучиќ и имаше позитивна комуникација меѓу сите. И ми се чини дека овој формат и овие барања што ЕУ ги има денес од сите за да ни даде можност да добиеме многу повеќе назад во економска и финансиска смисла, зборуваат сами по себе за тоа што зборувам сите овие години, а тоа е дека мораме внатрешно да се интегрираме“, рекол Рама.

Според него, ЕУ јасно ставила до знаење дека „кој и да стане причина ќе се казни себеси“ порачувајќи дека треба да се занимаваме со конкретна работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот