Ракометното дерби во ЛШ и припадна на Барселона

Барселона ја оправда фаворитската улога во дерби пресметката со ПСЖ/ фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Ракометарите на Барселона во големото дерби на петтото коло во Лигата на шампионите го совладаа ПСЖ со 30:27.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете екипи и тоа најдобро го покажува резултатот (13:13), но во вториот дел ракометарите на Барселона покажаа зошто се европски шампиони. Постојано имаа предност од два или три гола и не му дозволија на противникот да го избегне поразот.

Дика Мем со седум гола и Тимоти Нгосен и Лудовик Фабрегас со по четири постигнати голови беа најдобри кај Барселона, додека кај ПСЖ се истакна Микел Хансен со седум постигнати голови.

Веспрем на домашен терен го совлада Фленсбург со 28:23, а дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 14:8. Во вториот дел, ракометарите на Веспрем рутински ја одржуваа предноста која во еден момент изнесуваше и осум гола (20:12 и 22:14) по што беше јасно дека двата бода ќе останат во Унгарија.

Најпрецизен кај Веспрем беше Мануел Штрлек со седум гола, додека кај Фленсбург се истакна Теитур Орн Еинарсон со пет постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот