Радост и восхит кај сите дечиња: Светна новогодишната елка на плоштад

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Новогодишната елка, која сите ја очекувавме, светне денеска, кога беше отворен и Винтерлернд. Палењето на светилките наиде на восхит и воодушевување.

-Ова е најубавиот град на светот, град што се вика Скопје, им рече Петре Шилегов на присутните дечиња на плоштад Македонија. Со одбројување од 10 до 0 заедно ја повикаа елката да светне.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пред тоа атмосферата ја загреаа детски перформанси и претстава проследена со новогодишни и Божиќни песни.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Оваа година новогодишните куќички се поставени на локацијата помеѓу ГТЦ и плоштад Македонија.


Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот