Румен Радев Rumen Radev
Румен Радев / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD

Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП

Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере меѓу три партии: Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, останатите парламентарни опозициски партии, Движењето за права и слободи, ГЕРБ-СДС и националистичката „Преродба” побараа предвремени избори наесен во Бугарија.

Доколку пропадне и третиот мандат за формирање нова влада на Бугарија, претседателот Румен Радев мора да го распушти Националното собрание и да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира.

Според првичните проценки, изборите во Бугарија се очекува да се одржат на 2 октомври.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот