Работнички го „врза“ Станковски на три години

фото: ФК Работнички

Младиот и талентиран фудбалер за врска Лука Станковски потпиша професионален договор со Работнички. Тој стави потпис за верност на три години, а веќе сериозно се наметнува кај шефот на стручниот штаб Александар Влахо во сениорскиот погон.

Лука Станковски е македонски репрезентативец и еден од најнадежните млади фудбалери во нашата земја. Тој е син на поранешниот тренер на Работнички и македонски репрезентативец Горан Станковски. Во сениорскиот тим на Работнички е и неговиот повозрасен брат, Марио Станковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот