Работната група ја усвои иницијативата за потребата од уставни измени

Работната група која треба да ги подготви уставните измени на денешната седница ја усвоила Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од работната група, предлогот ќе се достави до Владата, која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието, каде ќе ги помине сите работни тела.
Претсседателката на работната група за уставните измени, Маргарита Цаца Николовска, неделава за „Слободен печат“ изјави дека на денешниот состанок ќе се разговара за предлозите во врска со нацрт-иницијативата за отворање на Уставот. Таа повтори дека работната група е со одреден мандат од кој нема намера да излегува.
– Нашиот мандат е одреден преку меѓународните документи, заклучоците на Собранието, одлуката на Владата и решенијата на Министерството за правда поврзани со европскиот предлог и со Преговарачката рамка за продолжување на процесот на пристапување кон ЕУ. Што ќе содржи предлогот, јавноста наскоро ќе дознае – вели Цаца Николовска.
Ништо од амандманите ако не помине иницијативата за отворање на Уставот!