Работел по 18 часот, внатре затекнати 10 гости и газдата: Затворен угостителски објект во Куманово

Куманово/ Фото: МИА
Угостителски објект во Куманово е затворен, бидејќи работел по дозволеното работно време, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера, полициските службеници од кумановската полиција извршиле контрола во угостителски објект на улица „Професор Мијаковиќ” и во објектот биле заткенати гости и сопственикот.

– При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет гости и сопственикот М.С. (48) од Куманово, соопштија од СВР Куманово.

Државен пазарен инспекторат го затворил објектот. По целосното документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот