Путин на Трамп: ЗОШТО да фрлаш пари за производство на оружје, кога ние веќе го имаме? (ВИДЕО)

фото:. EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјавил дека ја понудил можноста на својот колега Доналд Трамп да го набави најновиот вид на оружје од Русија, вклучувајќи го и хиперсоничното.

Путин рекол на пленарната седница на петтиот Источен економски форум (ЕЕФ) дека на последниот состанок со американските партнери во Осака, во Јапонија е „поставено прашањето како да се земе во обѕир модерното руско наоружување, вклучувајќи ги и хиперсоничните ракетни системи, во заеднички договори, имајќи во предвид дека ниту една земја во светот засега не го има ова оружје, вклучувајќи ги и САД“, пренесува Тасс.

„Му реков на Доналд (Трамп) следново: Ако сакаш, можеме да ти продадеме нешто од оружјето и на овој начин ќе изедначиме се. Но, тие велат дека наскоро сами ќе го произведат. Веројатно ќе го направат тоа, но зошто да губат пари, кога ние веќе ги потрошивме и можеме да добиеме нешто назад, а притоа да не ја повредиме нашата безбедност, туку ќе направиме рамнотежа“, рекол Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот