Путин му испраќа помош на Трамп: Руски авиони полни со опрема тргнуваат кон САД

ФОТО: EPA/ALEXEI YERESHKO/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY

„Од руска страна, поради тешката епидемиолошка ситуација во Америка, предложена е помош во медицинска техника и средства за заштита. Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош“, рече Песков.

Руски авион со медицинска техника и средства за заштита би требало да полета за САД до крајот на денов, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Денеска е направена техничка координација и подготовки за испраќање на авион, која, како што се очекува, ќе полета до крајот на денов, рече Песков.

Тој додаде дека за оваа помош се разговарало синоќа, во текот на телефонскиот разговор на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

„Од руска страна, поради тешката епидемиолошка ситуација во Америка, предложена е помош во медицинска техника и средства за заштита. Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош“, рече Песков.
Тој забележа дека во усогласувањето на деталите од реализацијата на договорот на двајцата лидери „се создал впечаток дека некои лица од американска страна, како минимум, не помагале оперативно да се решат техничките прашања поради реализацијата на договорот на двајцата претседатели“.

Важно е да се нагласи дека претседателот Путин, предлагајќи му на американскиот колега помош, тргнувал од тоа, кога американските прозиводители на медицинска опрема и материјали ќе го поткренат обемот на производство, тие, исто така, во случај на потреба да одговорат со иста мерка“, нагласи Песков.

Тој додаде дека на таков принцип соработуваат Москва и Пекинг.

„Сега, кога оваа ситуација ги допира сите, без исклучок нема алтернатива на заедничката борба во духот на партнерство и взаемна помош“, заклучи портпаролот на рускиот лидер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот