Владимир Путин - Photo: Profimedia

Путин му честиташе на Моџтаба Хамнеи за неговото назначување за врховен лидер на Иран

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на новоизбраниот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, за неговиот избор на функцијата денес, соопшти Кремљ, пренесува „Волстрит журнал“.

„Сега, кога Иран се соочува со вооружена агресија, вашата работа на оваа висока позиција несомнено ќе бара голема храброст и посветеност. Уверен сум дека со чест ќе ја продолжите работата на вашиот татко и ќе го обедините иранскиот народ во услови на тешки искушенија“, се вели во честитката на Путин до Хамнеи, според новинската агенција Интерфакс.

Путин ја потврди поддршката на Москва за Техеран и солидарноста со иранскиот народ.

„Русија беше и ќе остане сигурен партнер на Исламската Република Иран. Ви посакувам успех во справувањето со тешките предизвици со кои се соочувате, како и добро здравје и сила на духот“, се вели во соопштението.

Вчера, Собранието на експерти го избра ајатолахот Моџтаба Хамнеи (56), син на убиениот претходен врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, за трет лидер на Исламската револуција, лидер на Исламската Република Иран и врховен командант на вооружените сили.

Ајатолахот Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари во американско-израелски напад врз неговата резиденција во Техеран, поради што иранските власти прогласија 40-дневна жалост во земјата, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот