Пукање во училиште во Русија: Најмалку седум убиени во напад во Казан
Засега две неименувани лица отвориле оган кон училиште во рускиот град Казан, а во нападот има и жртви, изјави извор за ТАСС.
Според извештаите најмалку седум лица загинаа, а неколку се повредени во пукањето во училиштето во југозападна Русија.
Обвинителството соопшти дека ги проверуваат информациите за вонредната состојба.
„Обвинителот на Република Татарстан Илдус Нафиков замина на местото на настанот. Околностите околу инцидентот се испитуваат”, се вели во соопштението на Министерството.
Набргу по пукањето, одекнала експлозија, соопштија специјалните служби. Тие уште додаваат дека за пукањето е виновен еден малолетник, кој е приведен..
Повеќе од 20 екипи на брза помош излегоа на местото на несреќата, објави Министерството за здравство на Татарстан.