ПСЖ е главен фаворит за потпис со Рамос

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Реал Мадрид веќе е завршена приказна за Серхио Рамос.

Само неколку часови откако и официјално се раздели од Реал Мадрид, започнаа шпекулациите за идниот клуб на Серхио Рамос. Рамос кој за 16 години на „Сантијаго Бернабеу“ освои 22 трофеи, планира кариерата да ја заврши надвор од Шпанија, а весникот „Ас“ го откри главниот фаворит за потпис со одличниот дефанзивец.

Според „Ас“ главен фаворит во трката за потпис со Рамос е францускиот ПСЖ, а агентите на фудбалерот веќе стапиле во контакт со челниците на „светците“. Наводно и на управата на ПСЖ како и на тренерот Маурисио Покетино им се допаѓа оваа идеја бидејќи ќе добијат лидер и победник како предводник на одбраната во наредната сезона во која ќе се обидат конечно да триумфираат во Лигата на шампионите.

Освен ПСЖ, екипи кои пројавуваат сериозен интерес за Рамос се споменуваат уште и Манчестер јунајтед и Челси. Баерн Минхен не сака да му даде 12 милиони евра годишна плата, додека Јувентус не е толку финансиски моќен за да може да одговори на барањата на Рамос.

На Рамос му се допаѓа идејата да се пресели во ПСЖ бидејќи ќе игра со неколку играчи со кои настапувал заедно  како Кејлор Навас и Ангел ди Марија, но и со колеги од репрезентацијата како Пабло Сарабија, Серхио Рико, Андер Ерера, Хуан Бернат.
Згора на тоа Париз е оддалечен од Мадрид само еден час со авионски лет така што Рамос би можел да биде постојано со семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот