Првиот кинески товарен воз помина под Босфор

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Станува збор за првиот товарен воз што мина низ Мармарај и што директно ги поврзува Кина и Европа, односно градовите Џихан и Прага.

Големиот товарен воз низ тунелот мина во две компоненти, од кои едната ја влечеше локомотива на „Турски железници”, а втората локомотива на „Железници на Кина”.

Вкупно 42 вагони натоварени со електрични производи за 12 дена по шини ќе минат 11.483 милометри, низ 10 држави и две мориња.

Со ова, возот долг вкупно 820 метри стана првата товарна композиција што на шини директно стигнала од Кина до Европа.

Турскиот министер за инфраструктура Чахит Турхан вчера во Анкара изјави дека периодот на транспорт на стоката од Кина до Турција и натаму кон Европа е значително намален со отворање на пругата „Железен пат на свилата”, што ги спојува Турција и Казахстан, како и со отворање на железницата и тунелот Мармарај, што под Босфор ги спојува Азија и Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот