Првиот човек на ЦСКА со решение за кризата – продажба на пиво?

EPA-EFE

Андреј Ватутин не очекува да се вратат навивачите на трибините на спортските натпревари до наредната сезона, а можеби и подолго.

Претседателот на рускиот кошаркарски клуб предлага внатре во спортските арени да започне продажба на пиво.

На тој начин клубовите би можеле да дојдат до додатни приходи кои ќе им бидат неопходни поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Андреј Ватутин не очекува да се вратат навивачите на трибините на спортските натпревари до наредната сезона, а можеби и подолго.

А штом ќе се вратат назад, клубовите и лигите ќе треба да најдат начин барем донекаде да ги надоместат загубите.

На спортските клубови и лигите ќе им биде потребна поддршка од државата, но не се потребни субвенции. Ни требаат прави закони, како на пример враќање на продажбата на пиво во спортските арени. Потребни ни се повеќе можности да заработиме – рече Ватутин за „Sport.ru“.

Руските власти минатата есен предложија измена на законот со кој ќе се дозволи пивото да се продава на фудбалските стадиони, но не беше усвоено.

Инаку, во поголемиот дел од Европа е забранета продажба на алкохолни пијалоци на кошаркарски натпревари, а во фудбалот ситуацијата е малку поинаква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот