Прва жртва на коронавирусот во Хонгконг

Во Хонгконг досега има 15 потврдени случаи на коронавирус.

Хонгконг ја регистрира првата жртва на заразата на своја територија, откако маж почина со новиот коронавирус, наведуваат британските медиуми.

Ова е вториот фатален случак надвор од границите на континентална Кина.

Мажот што починал имал и друго заболување, сооопшти локалниот ТВ канал TVB.

Во Хонгконг досега има 15 потврдени случаи на коронавирус.

Починатиот маж се заразил во кинескиот град Вухан, каде бил во  посета.

Неговата смрт доаѓа во момент кога стотици медицински работници од градот веќе втор ден штрајкуваат со барања властите во Хонг Конг целосно да го откажат пристапот на луѓето од континентална Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот