Прва вирутелна венчавка: Младоженците судбоносното „да“ го кажаа преку апликацијата „Zoom“

Instagram
Instagram

Скот и Августин станаа првиот пар кој се венча на Интернет, откако американската држава Јута го одобри тоа.

Instagram
Instagram

Оддалечени десетина илјади километри, Скот Мармон (32) од Њујорк и Аугустина Монтефиори (28) со потекло од Аргентина се новиот актуелен пар. Тие се заедно од 2017 година, но последната година својата врска ја одржувале на далечина, бидејќи Аугустина од Денвер морала да се врати во Буенос Аирес, пренесува „Daily Mail“.

Instagram
Instagram

Скот ја запросил својата сакана во јануари годинава, а во март планирале да се преселат заедно во Аргентина. Но, за жал, пандемијата на коронавирус ги сменила нивните планови, светот „застана“, границите се затворија и целата ситуација ја принудило двојката да смисли „нов план“.

Instagram

InstagramСкот се обидел да добие дозвола да патува во Аргентина, но властите го одбиле неговото барање бидејќи не станувало збор за брачна двојка или крвно сродство. Властите едноставно не разбрале дека тој нема да патува како турист, туку дека има план да се ожени и да продолжи да живее во Аргентина.

Скот и Аугустина се одличиле на многу интересен и храбар чекор, кој ако целата ситуација со коронавирусот продолжи, веројатно ќе стане многу почесто.

Instagram

InstagramАмериканската држава Јута ја одобрила нивната венчавка преку Интернет, па Скот и Аугустина се одлучиле на една поинаква, виртуелна венчавка. Со сите прописи, нив ги венчал матичар, пред нивните семејства и пријатели, иако биле оддалечени скоро десет илјади километри еден од друг.

Сега Скот може да аплицира за семејна виза и се надеваат дека што поскоро ќе бидат повторно заедно.

Instagram
Instagram

Нивната венчавка беше прва меѓународна вирутелна венчавка по избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Церемонијата се одржа преку новата позната апликација „Zoom“ и траеше цели 19 часа! 

Instagram
Instagram

Двојката си поканила и виртуелни гости, а Аугустина и Скот биле вистински младоженци, таа со венчаница а тој костум. Како што изјавија, тие планираат да организираат уште една „вистинска“ венчавка во „реалниот свет“ во мај следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот