Прва лига: Пелистер врза и четврта победа во низа

Фото: КФСМ

Во последниот меч од шестото првенствено коло, Феникс 2010 и Пелистер одиграа меч со голем број на промени во играта, пред се оние офанзивните. Си поделија по една четвртина во првото полувреме… Играа доста рамноправно во второто, но победата ја однесоа битолчани.

Фуриозен почеток имаа кошаркарите на Пелистер на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“. Звучи и помалку неверојатно и е ретко видливо, не само на нашите терени, за седум-осум минути сите пет стартери на гостинската екипа да реализираат обид за три поени!

Им појде од рака на битолчани кои експресно изградија повеќе од високи (27:12), во рок од само осум минути. Магдевски, кој влез од клупата за резерви, го „расипа“ тој ефект (не погоди во два наврати од истата позиција).

Но тоа не ги спречи „пелистерци“ да продолжат во ист, ефикасен стил. До истекот на првиот период, имаа и повисоки (29:13).

Но работите се сменија, и тоа комплетно, во вториот период, кој во целост им припадна на кошаркарите на Феникс 2010. Како двете екипи набрзина да ги променија улогите, оние поентереските.

„Фениксовци“ влегоа во серија, одиграа далеку поофанзивно, што им доенсе резултат. Во тие десет минути симнаа десет поени ог големата негатива која влегоа во оние првите десет.

На полувремето, заостануваа само четири поени (42:46).

Во она второто, немаше толкави поентерски „синусоиди“. Се играше, би се рекло, во некој егал, но со постојано водство на Пелистер, но не така високо како во првата четвртина.

Затоа и по три одиграни четвртини, предноста остана на страна на гостите (65:60)

„Зелено-белите“ имаа и двојно поголеми (76:66), по пет минути игра од последниот период. Во оние кои преостанаа, Феникс 2010 не најде начин како уште еднаш да размислува за комплетно враќање, не само играчко, туку и резултатско

Маслинко, Планиниќ и Мијовиќ беа некако поентерски најрасположени во тимот од Битола. Искомбинираа 48.поени, а Магдевски и Стојановски дополнија со по девет поени во новиот првенствен успех на Пелистер, за нив четвртти по ред.

Освен стандардно одличниот Рис, кој направи нов дабл-дабл, овојпат од 19.поени и 14.скока, на оваа средба, во Феникс 2010 „се појави“ и Метјус, кој реализираше 20.поени, а имаше и девет скока.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Феникс 2010 – Пелистер  73:80

Работнички – Еуро Никел 2005 70:74

Вардар – Навико Академија ФМП  94:84

Чаир 2030 – Кожув  88:84

ТФТ Моцарт – Гостивар  79:70

Охрид – МЗТ Скопје Аеродром  73:98

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот