Прва годинешна пресметка на Вардар и Шкендија

fkvardar.mk

Двата најдобри клуба во последните неколку години, Вардар и Шкендија, денеска (15.30 ч.) на Националната Арена „Тодор Проески“, за прв пат сезонава ќе ги одмерат силите еден против друг. Вардар ја пречекува Шкендија во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на Македонија.

И двете екипи влегоа во победнички ритам, „црвено-црните“ со петте победи по ред се лидери во првенството, додека Шкендија по катастофалниот старт, влезе во победничка серија и врза три триумфи по ред.

Во досегашните пет куп пресметки, тетовчани се далеку поуспешни и дури четири пати излегоа како победници, додека Вардар само еднаш ја елиминирал Шкендија.

Бидејќи дербито е прогласено за натпревар од висок ризик, нема да биде дозволено присуство на гостинските навивачи, а ќе бидат птворени само две трибини, јужната и западната, додека на северната ќе присуствуваат само службени лица.

Куп на Македонија, (Осминафинале, прв натпревар).
Лабуништа – Охрид Лихнидос
Шкупи – Силекс
Борец – Струга Трим Лум
Академија Пандев – Осогово
Пелистер – Работнички
Брегалница – Македонија ЃП
Тиквеш – Ренова
Вардар – Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот