Протест против изградбата на Али-пашината џамија во Охрид

Фото: Принтскрин

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од, како што велат, агресивната и нелегална изградба на Али-пашината џамија во централното градско подрачје.

Граѓаните велат дека се изманипулирани и излажани од страна на актуелната власт. Тие велат дека премиерот Зоран Заев ветил решение за овој проблем по претседателските и градоначалничките избори кои се случија во општината, но дека тоа сè уште не е остварено.

„Во централното градско подрачје на Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани преку агресивна и нелегална реализација на градба заштитена со закон, Али-пашината џамија, која има за цел да ги промени физионимијата и карактерот на градот, а зад која стојат цели и стратегии кои не се добронамерни и во чија реализација учествуваат институциите на државата. Управата за заштита на културното наследство, Републичката урбанистичка и градежна инспекција и судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градбата која веќе е прогласена како нелегална“, рече Сашо Михајловски од „Совест“.

Граѓаните ги повикаа државните институции, градоначалникот Константин Геориевски и премиерот да ги преземат сите уставни надлежности и правдата, законитоста и легалноста да важат за сите. Тие до властите упатија пет барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот